Како што минуваат неделите, пејачката Тијана Дапчевиќ, односно нашата држава,котира се полошо на европските обложувалници за Евровизија.
Од Македонија во моментов се послаби само Летонија и Португалија, што значи дека Тијана во моментов е на 35. место, што е голем пад бидејќи пред три недели на истите листи котираше на 28. место.
Црна Гора, односно Сергеј Четковиќ. се поправи и сега е 24, од 26.
И понатаму најголеми шански за победа има Ерменија.
Потсетуваме, Тијана на „Евровизија“ ќе настапи со песната „ To the Sky“.