Македонија се наоѓа меѓу првите 10 туристички дестинации кои треба да се посетат во 2014 година. Ова го препорачува најголемиот печатен туристички водич „Lonely Planet“, во своето специјално издание за 2014 година.
Во водичот, Македонија се опишува како враќање во минатото во балкански стил, а покрај Охрид, Охридското Езеро и главниот град Скопје, на туристите им се препорачува да го посетат ски-центарот Маврово, античката населба Стоби, градот Берово, стариот град Кратово со мостовите од Отоманската империја и од Римското царство, а и Тиквешкиот регион со квалитетните винарии.
Листата од првите 10 дестинации според „Lonely Planet“ ја сочинуваат: Бразил, Антарктикот, Шкотска, Шведска, Малави, Мексико, Сејшелите, Белгија, Македонија и Малезија.
[youtube]http://youtu.be/rd5fXbqBolM[/youtube]