Мајсторот и Маргарита – книга за фантазијата и забранетото

„Магијата, се знае, штом еднаш ќе започне ништо не може да ја запре”

„Ме погледна зачудено, а јас изненадно и сосема неочекувано сфатив дека целиот свој живот ја сакам токму таа жена”

„Сфатете, јазикот може да ја сокрие вистината, но очите никогаш”

„Ако не постои документ, тогаш не постои ни човек”

Ова се дел од најубавите мисли од вечната класика на Михаил Булгаков, Мајсторот и Маргарита.

Доколку ве интересира книга која што направила вистински пресврт во литературата, ова дело е за вас.

Булгаков ја напишал пред неговата смрт, а истата била забранета поради религизната тематика што ја опфаќа.

Да не се залажете оваа книга не говори само за религијата, тоа е книга за човековата фантазија, за доброто и злото, за љубовта и страста. Во неа Булгаков ја раскажува сопствената приказна за неговите забранети книги.

Мајсторот и Маргарита се состои од два дела „Книга I” и „Книга II”, а во неа се испреплетуваат три приказни, кои се меѓусебно поврзани.

„Ѓаволски“ добро и „мајторски“ создадено.

Уживајте.

Во продолжение еве и една анимирана верзија на познатата книга.

- Реклама -