Мајмуните плаќаат за секс?!

1199986651_78По се изгледа дека најстариот занает на човекот е постар и од самиот човек. Имено, резултатите од истражувањата спроведени врз една група на макаки мајмуните во Индонезија покажале дека машките претставници на овие примати „плаќаат“ за сексуалните услуги на своите женки.


makakie0-86b6-9cf64c493aee.widecПо се изгледа дека најстариот занает на човекот е постар и од самиот човек. Имено, резултатите од истражувањата спроведени врз една група на макаки мајмуните во Индонезија покажале дека машките претставници на овие примати „плаќаат“ за сексуалните услуги на своите женки.

Според авторите на написот "Payment for Sex in a Macaque Mating Market", објавен во декемвриското издание на Animal Behavior, машките макаки мајмуни нудат најразлични видови на услуги во замена за секс. Тоа се случува непосредно пред самиот чин и претставува еден вид на пред-сексуален ритуал. Откако женките-мајмуни биле услужени од страна на „додворувачите“, нивната сексуална активност се зголемила од 1,5 на 3,5 пати на час. Иако вакви разменувања на услуги се познати од порано во врска со делењето на храната или водењето грижа за подмладокот, со ова истражување за прв пат се открива дека оваа практика е присутна кај мајмуните и во сексуален контекст.

Интересно е тоа што бројот на обиди за подмитување кај мажјаците опаѓа со зголемувањето на бројот на женките. Менторот на овој научен проект Michael Gumert од Singapore's Nanyang Technological University утврдил дека времето што еден мажјак ќе го помине во „инвестирање во својата партнерка“ зависи од тоа колку други опции има „на лагер“. Ете што значи конкуренција!

- Реклама -