Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, премина во муслиманска вероисповед и го смени своето име во Mikaeel.
Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, премина во муслиманска вероисповед и го смени своето име во Mikaeel.
Џексон, кој беше одгледан и пораснат како припадник на Јеховините сведоци, ја прифати муслиманската вероисповест во куќата на својот пријател во Лос Анѓелес. Според SUN, 50-годишниот Џексон поминал низ shahada, што е муслиманска церемонија за прифаќање на верата, додека снимал албум во куќата на Steve Porcaro, човекот кој ја направи музиката за албумот Трилер. Сведоци му биле и канадскиот текстописец David Wharnsby и продуцентот Phillip Bubal кои од порано се конвертирале во муслимани и кои го советувале и Мајкл да го направи истото. Како дел од конвертирањето тој го смени своето име во Mikaeel.
Ова религиозно преобратување се случи само неколку дена пред Мајкл Џексон да се појави како сведок на судењето против него кое го покрена принцот Abdulla Al-Khalif од Bahrain кој го обвини за неисполнување на обврските во договорот за снимање.