Мајкл Даглас доби почесна покана за филмскиот фестивал во Довил


Американскиот актер и продуцент Мајкл Даглас ќе биде почесен гостин на 50. издание на Американскиот филмски фестивал во Довил од 6 до 15 септември, објавија во четврток организаторите.

„Целиот свет се согласува дека фестивалот во Довил е посебен, но ретко кој може да потврди како мене дека му го промени животот“, изјави пред неколку години Мајкл Даглас, кој по петти пат ќе го почести овој настан со своето присуство.

Во 1998 година, тој ја запозна својата сопруга и актерка Кетрин Зета-Џонс токму на фестивалот во Довил.

Единаесет години по неговото последно учество на фестивалот во Довил со филмот „Мојот живот со Либераче“ во режија на Стивен Содерберг, кога фестивалот слави 50 години постоење, Мајкл Даглас по петти пат се враќа во Нормандија за да потсети колку е името Даглас придонесе за седмата уметност, според организаторите.

Во 2020 година, актерот го посети фестивалот за да му оддаде почит на својот татко Кирк Даглас, последната легенда на златното доба на Холивуд, кој почина таа година.

- Реклама -