Maјка го чува својот мумифициран син 18 години

Џони Бакараџ од Грузија починал пред 18 години, на 22 годишна возраст. Неговата фамилија одбила да го погреба, а неговата мајка мумифициран го чува во импровизирана гробница. Џони е мумифициран, за да се сочува неговото тело, но неговата мајка сега користи свои методи.

„Една ноќ сонував како некој глас ми вели да го полевам Џони со алкохол. Од тогаш чаршавите ги потопувам во алкохол и со нив го поливам неговото тело“, вели неговата мајка и додава дека не смее да го остави телото на синот без натопени чаршафи дури ни за време на ноќта, бидејќи неговата кожа ќе поцрне како катран.

Овој метод, оваа напатена жена го применува цели 18 години. Првите десет години на неговиот роденден таа го пресоблекувала во нова облека, но веќе не може да го прави тоа поради староста.

„Мојот син е згоден. Минатите неколку дена бев многу болна и не можев да се грижам за него. Сега, кога повторно почнав да го премачкувам со алкохол, неговата кожа повторно ќе биде бела и се ќе биде нормално, вели мајката.

http://youtu.be/_vfqqyasJrM

 

- Реклама -