Мајк Тајсон требало да отпатува за Нов Зеланд, за да биде водечка фигура во серијата мотивациски говори, насловени “Day of Champions”. Владата на Нов Зеланд одлучила дека Тајсон никогаш нема да може да влезе во нивната држава.
По повод барањето за виза за влез во Нов Зеланд, во оваа мала островска држава се одржаа серија феминистички протести, со барање на поранешниот боксерски шампион да не му биде дозволен влез.
Причината за ваквото барање се должи на фактот што Мајк Тајсон, во врвот на својата слава, беше осуден за силување на учесничката во избор за убавина Дезире Вашингтон. Досието на Тајсон подоцна беше исчистено, затоа што се појавија нови информации во случајот, вклучително и фактот што неговиот адвокат несоодветно го бранел, но ништо од тоа не го смени мислењето на феминистките.
Иако голем број спортски работници велат дека Мајк Тајсон е потполно сменет човек и дека како и секој друг што направил грешка во животот заслужува втора шанса, официјалните лица во владата на Нов Зеланд немаат намера да ја променат својата одлука.