Секој од нас има интерактивен систем од протеини познат како канабиноидни рецептори, кои се специално дизајнирани да обработуваат канабиноиди како тетрахидроканабинол (ТХЦ), примарната активна компонента во марихуаната. Врз основа на резултатите од неколку научни истражувања, мајчиното млеко содржи во себе голем број канабиноиди, исто како во марихуаната, кои се всушност екстремно важни за правилно развивање на човекот.
Клеточните мембрани во човековото тело се природно опремени со овие канабиноидни рецептори , кои пак кога ќе бидат активирани од канабиноиди и други витални супстанци, ја штитат клетката од вируси, штетни бактерии, канцер и други малигни заболувања. Покрај претходно наведените својства, канабионидите се одговорни и за стимулирање на апетитот кај новороденчињата и процесот на цицање.
Доколку овие канабиноиди ги немаше во мајчиното млеко, бебињата не би имале изразена потреба за јадење и цицање, кое би резултирало со неправилен развој, па дури и смрт. Верувале или не, овој процес е многу сличен со моментот кога возрасна индивидуа пуши марихуана и неговиот апетит нагло се зголемува, и новороденчињата кои се доени со мајчино млеко и последователната стимулација за јадење.Во студиите и истражувањата за канабиноидите објавени во “Pharmacological Reviews” се наведуваат повеќе бенефиции на овој протеин, а тоа се следниве: правилно развивање на метаболизмот и регулирање на апетитот, третираат нарушување во метаболизмот и мултиплекс склероза, спречуваат неуродегенерација и многу други слични состојби.