Рафаела Лампро е 24-годишна тазе мајка од Кипар. Пред седум месеци го родила синот Анџело, кого го дои. Меѓутоа, младата мајка дневно „произведува“ околу 2 литра млеко, што е премногу за нејзиниот син. Но благодарение на вишокот, Рафаела нашла нов начин на заработка, и тоа сосема случајно.
Рафаела го собирала своето вишок млеко и го чувала во фрижидер, потоа нудејќи го на интернет како донација за мајки на кои им е потребно за нивните деца.
Меѓутоа, Рафаела почнале да ја контактираат сé повеќе и повеќе мажи. Во некои од случаите, очекувано, се работело за чуден фетиш, ама исто така многу од мажите тврделе дека мајчиното млеко им е потребно заради зацврстување на мускулите, бидејќи се на строга бодибилдерска исхрана.
Вака или така, Рафаела одлучила да почне свој онлајн бизнис и да го продава своето млеко преку интернет.
30 милилитри мајчино млеко наплаќа по 1 евро. Досега има продадено над 500 литри млеко, што значи дека има заработено повеќе од 5.000 евра.
„Не знам што прават тие мажи со млекото. Велат дека е добро за нивното тело. На почеток сé тоа ми делуваше чудно, ама обично им пристапувам на нештата со отворен ум“, вели Рафаела.
Не знае колку долго планира да остане во „бизнисот“, ама признава дека има поддршка од својот сопруг. Во последно време „работи“ и преку Фејсбук – наоѓа купувачи, а ги избегнува тие што ѝ делуваат чудно.