Леброн Џејмс го предводеше Мајами до триумф над Сан Антонио (105:100) во скромната понуда на натпревари што синоќа се одиграа во НБА.
Џејмс постигна 23 поени, но голема улога одигра и Реј Ален кој постигна клучна тројка на 22 секунди пред крајот на средбата.
Сан Антонио на овој меч играше без своите клучни кошаркари, Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер, кои добија одмор по напорната серија гостувања.
Ален имаше 20 поени, Вејд 19, Бош 18, а „Жешките“ се намачија за да дојдат до победата. Во тимот на Сан Антонио, во отсуство на главните поентери, Гери Нил постигна 20 кошеви, а Тијаго Сплитер беше стрелец на 18 поени.
Уште понеизвесно беше на дуелот меѓу Голден Стејт и Денвер, што домашните го добија со 106:105, со пресврт во последната четвртина.
Дејвид Ли уфрли 31 поен, а Клеј Томпсон додаде 21 кошеви за триумф на „Воините“. Андре Игудала со 22 поени беше најефикасен во тимот на Денвер Нагетс.