Мајами во финалето на Истокот (видео)

Мајами Хит обезбеди пласман во финалето од Источната конференција откако успеа да слави на гостувањето против Индијана со 93:105.


Ова беше трета победа во низа за „Жешките“ над младиот состав на Индијана, со што Леброн, Вејд и останатите кошаркари на Мајами конечно успеаја да ја оправдаат улогата на фаворити и стигнаа до победа од 4:2 во оваа полуфинална серија.

Иако имаа негатива од единаесет поени во раната фаза од мечот, кошаркарите на Мајами одговорија на предизвикот, експресно се вратија резултатски, за на крајот да стигнат и до убедлива победа. Најзаслужен за овој триумф беше Двејн Вејд, којшто беше стрелец на 41 поен за својот тим, додека Леброн Џејмс го заврши дуелот со 28 поени, шест скокови и седум асистенции.

{youtube}3EaclAlNGm8{/youtube}

„Кога Бош се повреди, ни стана јасно дека ние ќе треба да ја преземеме одговорноста врз себе. Конечно влеговме во посакуваниот ритам, и тоа во вистински момент бидејќи допрва ни претстојат најважните битки“ – изјави Вејд.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -