Маид Хечимвиќ од регионалниот X Фактор, во моментов се наоѓа во Охрид, каде што како што дознава Вечер, доживеал непријатност.
Имено, тој решил да се вози со глисер и да ужива во убавините на градот, но заборавил да го провери резервоарот. Во текот на возењето му снемало гориво, па останал сред езеро.
Негов пријател раскажува дека Маид помислил да им ѕвони за да дојдат по него, меѓутоа телефонот му останал на плажа.
-И кога помислил дека се е изгубено, му се насмевнала среќата. Двојката која била во другиот пловен објект што му се приближил , без двоумење му излегла во пресрет и тој безбедно се вратил на брегот. Задоволството на крајот било заемно, особено затоа што двојката која му помогнала, всушност била одушевена од него за време на шоуто Икс Фактор и всушност тој бил нивниот фаворит за победа и човекот за кого гласале. Денот им завршил со убава дружба и заедничко излегување, пишува Вечер.