Финалистот на X Factor, Маид Хечимовиќ објави нова песна „ Песна на змаевите“, која им ја посвети на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина!
Младиот пејач исто сними и песна за Светското првенство во Бразил.
– Момците од бендот „Sheitans” ме прашаа дали би испеал песна која ја напишал фронтменот на бендот Дејан Џукич и јас прифатив бидејќи ми се виде интересна, вели Маид и додава дека го обожава фудбалот.
– Би сакал оваа песна да стане химна на нашата репрезентација, но ги чекаме реакциите и одговорот на Фудбалскиот сојуз на Босна. Сакам фудбал, па убаво е да има и една автентична навивачка песна, заклучува Хечимовиќ.