Oткако пред два дена се појави скандал дека гласовите на Маид оделе кај Тамара Милановиќ, Маид проговоре на оваа тема.
Имено, се работело за грешка од страна на продукцијата, бидејќи на бројот на гласање наместо бројот 4 за Маид стоел број 5, па така сите гласале за Тамара Милановиќ, која настапи под реден број 5.
Запрашан дали му е жал што не победи, или пак не освои второ место, вели:
– Ми остана жал поради тоа што имало проблем со гласањето. Наместо мојот реден број, стоел друг, па моите роднини, пријатели гласале за погрешен кандидат, но што е тука е.
Во се го барам најдоброто и што би рекла Габи Новак: „Ги паметам само среќните денови“. Не сум злопамтило, но ми е криво што излезе така.
Имам исклучително високо мислење за Даниел и Тамара. Мислам дека сите тројца можевме да стоиме зад тоа прво место. Не знам што да ви кажам, можеби и јас би триумфирал, а можеби и не“, вели Маид во интервју за Свет.
Тој во однос на неговите планови за во иднина, вели дека најпрво би сакал да се одмори, па го чека многу работа со новинарите, што воопшто не му е тешко.
„ Даниел и јас ќе одиме на турнеја по Америка, кон средината на мај, се уште не знам детали, но ќе имам многу работа“.