Маици во знак на сеќавање на Хит Леџер

Пет години после смртта на познатиот актер Хит Леџер, неговите пријатели и семејството се собраа да му оддадат почит и по тој повод ги претставија маиците на кои Хит е прикажан како опуштен скејтбордер.

Леџер почина во јануари 2008-та година од предозирање, на 28 годишна вораст. Набргу потоа тој постхумно доби Оскар за улогата на Џокер во филмот „Темниот витез“. Фотографијата на маиците е снимена во 2004-та година, кога во тек беше снимањето на филмот „Планината Броукбек“.

134599804514c2d06303ff626693692_v4_big

„Хит го сакаше скејтот и сакаше да го фотографирам додека прави нешто што навистина го сака“, рекол за Ројтерс фотографот Бен Вотс, братот на актерката Наоми Вотс. „Беше убав ден на кој ќе се сеќавам засекогаш. Во еден момент го влечевме со автомобилот и одевме со 64 km на час низ Лос Анџелес, беше инзвонредно“.

Маицата која се продава за хуманитарни цели, во Австралија може да се најде по цена од 105 долари, а е идеја на Вотс и на сестрата на Леџер, дизајнерката Елан Роуз.

„Хит имаше своја колекција на маици и сигурна сум дека би бил воодушевен од оваа“, изјавила Вотс.

- Реклама -