Група естонски истражувачи тврди дека магнетни пречки на мозокот оневозможуваат лажење. Тие откриле дека кога биле поставени магнети на левата или десната страна од дорсолатералниот префронтален кортекс, односно на слепочниците, доброволците или лажеле или кажувале само вистина, во зависност од стимулираната страна.
Кога магнетните пречки биле насочени кон друг дел од мозокот, способноста за носење одлуки останала непроменета. „Спонтаниот избор за лажење помалку или повеќе зависи од стимулирањето на мозокот“ Инга Картон и Талис Бакман напишале во Behavioural Brain Research. Во експериментот на 16 доброволци им биле дадени дискови со различни бои. На едната половина потоа им била стимулирана десната страна од префронталниот кортекс, а левата страна кај другите осум.
Им биле дадени две опции: да лажат за бојата на дискот или да ја кажат вистината. Оние доброволци кај кои била стимулирана левата страна лажеле повеќе додека оние кај кои била стимулирана десната биле поискрени. Научниците минатата година откриле дека магнетите можат да бидат употребени за нарушување на „моралниот компас“ на мозокот. Регионот, кој се наоѓа веднаш зад десното уво, станува поактивен кога мислиме за прекршоци или добри дела направени од други луѓе.
Во извонреден експеримент, истражувачите успеале да употребат моќни магнети за да го нарушат овој дел од мозокот за луѓето привремено да станат помалку морални. Студијата посочува дека нашето чувство за добро и лошо не се базира само на воспитувањето, филозофијата или религијата, туку на биологијата на нашите мозоци. Доктор Лиен Јанг, предводник на студијата, вели: „Моралноста ја третираме како однесување од високо ниво. Но способноста за менување на моралните проценки на луѓето со помош на магнетно поле насочено кон специфичен дел од мозокот е навистина неверојатно.“
Моралниот компас се наоѓа во дел од мозокот кој се наоѓа речиси на површината на мозокот, веднаш зад десното уво. Истражувачите од Институтот за Технологија од Масачусетс употребиле неинвазивна техника наречена транскранијална магнетна стимулација за да ја нарушат оваа област од мозокот. Техниката генерира магнетно поле на мала површина од черепот што создава слаби електрични струи во мозокот.
Овие струи ги попречуваат мозочните клетки во близината и спречуваат нивно правилно активирање. Во првиот експеримент 12 доброволци биле изложени на магнетно поле 25 минути пред да им биде дадена серија од морални сценарија. За секое од 192-те сценарија од нив било побарано да направат проценка за дејството на лик, од 1 за „апсолутно забрането“ до 7 за „апсолутно дозволено“. Во вториот експеримент, магнетното поле било поставено на нивните глави во моментот додека од нив било побарано да го оценат однесувањето на ликот во даденото сценарио. Во двата експерименти магнетното поле ги направило доброволците помалку морални.
Едно од сценаријата било за човек кој и дозволува на својата девојка да премине преку мост за кој знае дека е небезбеден. Девојката поминува без повреди. Во нормални услови повеќето луѓе го оценуваат ова однесување како неприфатливо. Но по третнабит со магнетен пулс доборовлците не забележувале ништо погрешно кај неговите дејства и го оценувале неговото однесување само врз фактот дали девојката преживеала или не. [Zapping a brain with magnets makes it IMPOSSIBLE to lie]