Житарките содржат еден куп хемиски соединенија и елементи кои му се потребни на организмот, а меѓу нив и железо. Железото им е потребно на молекулите на хемоглобинот, кои пренесуваат кислород низ телото.
Но, дали е тоа истото железо од кое правиме алати, автомобили и ред други предмети во секојдневниот живот? Да, токму такво. Така, со малку повеќе креативност, неизбежно е да стигнеме до прашањето: „Дали магнетите привлекуваат житарки“? Во експериментот на видеото користат неодимиумски (многу силен магнет). На почетокот не се случува ништо посебно. Количината на железо во житарките е премногу мала за да го победи триењето што житарката го има со површината на масата. Но, што ако ги ставиме житарките во нивната „природна“ средина (сад со вода или млеко)? Едноставно, се случуваат нешта што никогаш не сте можеле да ги претпоставите.
Повелете на најзабавното предавање по физика и хемија: