Магаренцето на МакеДокс во Битола

Магаренцето на МакеДокс кое патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче, на 10 ти август ќе стигне во Битола во 20.30 часот, пред Офицерскиот дом, како дел од неговата годинешна тура во Битолско и Демирхисарско.

Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. 

На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе. 

Прочитајте и:  Зимски МакеДокс на 11 и 12 ноември во Котур

Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. По Битола Магаренцето заминува во Цапари на 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело, во Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело и за крај во Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело.

Првата проекција беше Смилево е во соработка со Зрно-Фестивал на алтернативна фотографија и НУ Смилевски Конрес. 

- Реклама -