Мафини со спанаќ (РЕЦЕПТ)

49_1000x0[1]

За да смените малку од слатките мафини, пробајте го овој вкусен рецепт:

Состојки:
– лажица маслиново масло
– 170 гр. шампињони
– 6 јајца
– 1/4 шолја млеко
– /14 лажичка сол
– 200 гр. рендан кашкавал
– 200 гр. спанак

Во тавче, пржете ги печурките околу 10 минути. Рерната загрејте ја на 180 степени. Калап-тепсијата за мафините премачкајте ја со масло за готвење или ставете хартиени корпици. Во голем сад изматете ги јајцата, па додајте млеко, па 1/4 лажичка сол и кашкавалот, па сé тоа добро измешајте го. На смесата со јајца додајте го и спанаќот и испржените печурки. Така подготвената смеса сипете ја во тепсијата за мафини и наполнете по околу 3/4 од секој од калапите. Печете во загреана рерна околу 25 минути. Пријатно јадење!

- Реклама -