Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро смета дека фатил грип од Барак Обама додека бил во Њујорк.
Минатата недела Мадуро учествуваше во сесијата на Генералното собрание на Обединетите Нации. За време на престојот во Њујорк венецуелскиот претседател се разболел, со тоа што кренал висока температура.
Според Мадуро виновен за тоа е државната глава на САД, Барак Обама.
„Уште не можам да заздравам од грипот што го фатив во Њујорк. Качив 40 степени температура. Ма зарази Обама, кога помина покрај мене. За да го искажам мојот говор, испив цела бокал од сок од трска со лимон “, тврди Мадуро.