Она што требаше да биде страсен бакнеж на кралицата на поп музиката, се претвори во невкусен момент на минатовечерниот настап на фестивалот „Коачела“.
Мадона на фестивалот „Коачела“ настапи со раперот Дрејк изведувајќи ја песната „Express Yourself“, и во нагон на страста на сцената го бакна во уста. Дрејк не беше баш воодушевен, всушност, многумина би рекле дека бил згрозен.
Мадона, покрај тоа што е кралица на поп музиката, таа е и кралица на скандалот, но луѓето веќе се навикнати на тоа.
Но, се чини дека нејзиниот партнер на сцена, раперот Дрејк не очекуваше дека во центарот ќе се најде и тој.
За време на настапот на фестивалот, Мадона (56) му пристапила на Дрејк (28) од позади, го прегрнала со еден зафат и сочно го бакнала во уста. Инаку, таа од него е постара 28 години.
Раперот прво безуспешно мавтал со рацете, а потоа не успеал да се спаси од бакнежот, на крај се помирил со судбината и без отпор ѝ дозволил на Мадона да му прави што сака.
А доколку некогаш сте сакале да знаете како се бакнува еден од најголемите изведувачи на денешницата, можеби лицето на Дрејк ќе ви го одговори прашањето.