Таа има добар удел во клеветите, но Мадона одбива тие да ја вознемират.
Дотерана во секси облека, 55-годишната пејачка и актерка направи фотка на Инстаграм „Смеејќи се на сите хејтери“ објавена во неделата.
Носејќи мрежести хулахопки, маица со деколте и бижутерија за глава, кралицата на поп музиката ја покажа својата кожа, тонирани раце и голема насмевка како контра удар на нејзините критичари.
Мајката на четири деца напишала: „Смеејќи се на сите хејтери таму кои ја трошат својата енергија обидувајќи се да ме ограничат и етикетираат мене со нивните предрасуди и стравови! Земете си го вашиот зол јазик и очи и претворете ги во птици кои летаат! Не губете драгоцено време. Потрошете го на работи кои ги сакате!“