Ако знаете барем нешто за мачките, знаете дека тие се потполно индиферентни воопшто кон вас и вашите желби. Нема потреба да бидете навредени. По се изгледа, не се самите тие виновни, туку еволуцијата ги дизајнирала за да бидат индиферентни кон оние кои се грижат за нив. Grumpy Cat е всушност, највисоката еволуциона форма во родот на мачките.
Неодамна објавената студија на Ацуко Саито и Казутака Шинозука, од Универзитетот на Јапонија, докажа дека мачките ги препознаваат гласовите и наредбите на своите сопственици, но свесно решаваат да ги игнорираат. Наводно, ова се должи на тоа што мачките на своја иницијатива се „припитомиле“ и се приближиле до луѓето, со цел да добијат пристап до повеќе стаорци во населените области. Така, мачките никогаш немале потреба да следат команди од луѓето, сите удобности ги постигнале тие самите.
„Историски гледано, мачките, за разлика од кучињата, не биле вдомени со цел да ги следат наредбите на луѓето“, стои во Animal Cognition Journal. „Наместо тоа, изгледа дека тие се оние што ја преземале иницијативата во взаемната интеракција со луѓето“.
Студијата завршува со потполно хумористична нота, тврдејќи дека научниците немаат сознанија од која причина сопствениците на мачки ги сакаат овие животни – „Бихејвиоралниот аспект на мачките што прави нивните сопственици да се приврзат за нив, останува целосно непознат“.
По се изгледа, како и кај мачките, некои луѓе едноставно еволуирале во големи обожаватели на мачки, додека некои не.