Луѓето кои чуваат мачки, како домашни миленичиња, поретко доживуваат мозочен удар, бидејќи играњето и размената на нежности со нив го смирува организмот.
Докажано е и дека децата кои од детството растат крај нив, се помалку подложни на астма.
Верувањето дека мачките се себични, самобендисани и со големи барања, па сакаат само галење и внимание – не е точно. Истражувањата покажуваат дека меѓу нив и сопствениците постои вистинска „лековита“ врска.
Имено, овие слатки животни покрај болниот сопственик можат да лежат со денови, чекајќи го да оздраве. Меките, ритмични вибрации кои ги испуштаат додека предат, ја намалуваат болката и го забрзауваат заздравувањето. Исто така, се и многу забавни, па често ги засмејуваат сопствениците, го подобруваат расположението и го ублажуваат стресот.
Повеќе на оваа тема прочитај во продолжение.