Во ерата на модерната технологија, компјутерските анимации и секакви специјални ефекти можат да се направат чуда. Фотографиите кои ви ги нудиме се далеку од овие современи трикови.
Тие се создадени пред околу 100 години од страна на американскиот фотограф Хери Вeитиер Фрис (1879-1953), кој се потпира само на оригиналните идеи и на својот фотоапарат, но и на она што е најважно – трпеливо чекање зад објективот и ловење на вистинскиот момент.
Хери почнува да фотографира животни во различни ситуации во 1906 година за време на роденденската забава кога една хартиена капа се наоѓа врз главата на маче што се врти околу масата, па тој веднаш успева да ја пренесе смешната ситуација.
Така се родила идејата да направи голем број на фотографии од своите миленичиња, поставени во различни човечки ситуации. За да се направат добри фотографии е потребна брза реакција при фотографирањето, бидејќи ова се вистински животни, кои не сакаат да стојат мирно предолго време.
Најчесто Хери ги фотографира своите мачки Рагс и Флеф, како и домашните миленици на своите соседи и пријатели.
Фотографиите стануваат многу популарни и често се користат за разгледници, календари, промотивни материјали, како и за потребите на различни статии, списанија и книги.