Мачено и силувано новинарство: Оригиналното видео од „силувањето“ на Џоли

https://youtu.be/vkXS946P4sQ

Денес македонската јавност се потресе од „протеченото“ видео (ова горе ^) од Анџелина Џоли додека раскажува за мачењата и жртвените ритуали на Илуминатите низ кои и самата лично поминала (или нешто слично, не знам, не го гледав видеото, не сум будала). Погодете што, во оригиналното видео нема ама баш ни збор за ритуали, Илуминати, вештерки, летечки мајмуни или што и да тврди измонтираното видео за кое нашето „селективно“ новинарство сметаше дека треба  да знаеме.

Знаете како проваливме дека е фејк?

Прво, зашто негуваме скептицизам и знаеме дека во трката по кликови нема граници.

Второ, ги прочитавме првите 3-4 коментари под измонтираното видео, нешто што не го направи 90% од македонскиот етер.

Прочитајте и:  Анџелина Џоли и нејзиниот билошки син, Нокс првпат заедно на црвениот тепих

А граници треба да има: едно е трач, сосема друго е вака очигледно и комплетно измонтирано видео тотално извадено од контекст, и тоа во глуп, за илуминати и секти и слични глупости, создадено единствено за да се искористи фамата околу Анџелина Џоли и Бред Пит.

И да, не нé интересираат вакви глупости, ама нé интересира колективната.

- Реклама -