16.08.2022, Скопје – M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма. Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање на вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес, а обезбедува бројни обуки како што се: Управување со животниот циклус на организацијата, ДНК на организацијата, Лидерски стилови, Како да се имплементира одлука, Водење на лидерите, Формулата за успех во секоја организација и други.
Преку партнерството со престижниот Адижес Институт, М6 Едукативен центар се профилира како предводник на трансформацијата на организациите и на општеството во целина, во земјава и регионот.
Со следење на онлајн програмата преку М6, се добива пристап до повеќе од 300 часа предавања, електронски книги, квизови и задачи преку кои ќе може да се совладуваат темите кои се обработуваат, а програмата овозможува и вмрежување и дискусија со останати нејзини корисници. Обуките се достапни на индивидуално и на ниво на компанија, при што одговорните лица можат да го следат напредокот на своите вработени и имаат можност за директни консултации со Адижес Институтот.
По успешно завршување, корисниците на програмата се стекнуваат со престижен сертификат од Адижес Институтот.
Адижес Институтот е водечка консултантска организација од областа на менаџментот, рангирана од страна на Executive Excellence меѓу десетте најдобри консултантски куќи во светот. Институтот е основан во 1971 година и од тогаш соработува со бизнис лидери од сите индустрии во светот, овозможувајќи им да се справат со клучни предизвици во раководењето на компаниите и организациите и да ги идентификуваат своите потенцијали и можности. Во својата богата историја Институтот има работено и со „Fortune 500“ компании и со старт-апи. Основач на Институтот е проф. д-р Исак Адижес, роден во 1937 година во Скопје. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји.
M6 Едукативниот центар е водечка институција во земјава за трансформации и општествен развој која преку врвни програми за образование, иновации, креативност и култура во професионалниот и секојдневниот живот поттикнува предизвици за развој и промени за постигнување на извонредност и успех во работењето.
Сите заинтересирани ќе може да добијат повеќе информации и да се пријават преку веб-страницата на М6 Едукативен центар, www.m6.edu.mk
* Комерцијален текст