Во врска со последните изјави од страна на претседателот на Струков Синдикат на контролори на летање (ССКЛ) укажуваме дека истите се тенденциозни и не ја кажуваат вистинската слика на работење во М- НАВ и прават опструкција на проефесионалното работење на М- НАВ, која е сериозна компанија и го менаџира авиосообраќајот над нашето небо.
М- НАВ е институција која работи по највисоки европски и светски стандарди за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Оваа година бележиме историска година со зголемен сообраќај над 20 проценти споредбено со 2019 година (најдобра година пред кризата од КОВИД – 19) и со домаќинско работење на УО сме ги сервисирале сите обврски кон вработените, вклучувајќи ги и задржаните плати и креираната загуба од КОвид периодот. Во последните три квартали од оваа година бележиме помали трошоци од планираните во вкупен износ од 1.5 милиони евра и соодветно ќе продолжи во четвртиот квартал. Со тоа создадовме финансиски предуслови за зголемвуање на платите за вработените до 10 проценти за последниот квартал како и пет проценти од наредната година во согласност со Спогодбата потпишана со репрезентативните синдикати.
Оваа негативна и лоша тенденција која е лична иницијатива за свои интереси од Претседателот на синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, е само показател на лични интереси во негова корист, а додека другите вработени кои не се консултирани за неговите изјави и постапки, кои според свои интереси ги злоупотребува и според тоа прави штета на М-НАВ.
Исто така, УО ги превзема сите активности за инвестирање, реализација и имплементација на навигациона опрема, вклучувајќи и најмодерен систем за водење на авиони и соодветна модерна радарска станица, како и VHF/VCS/AWOS опрема, кои се дел од кредито со ЕБОР.
Од 2021 година сме вклучени во Free route concept na Network Management na Eurocontrol и со тоа се придонесува за намлување на Co2 емисии и резултирање со пократки рути за авиокомпаниите. Во завршна фаза сме со PBN најмодерните процедури за слетување/полетување на нашите меѓународни аеродроми.
Оваа година сме во завршна фаза на имплементација на најстрогата системска регулатива 373 на ЕУ поврзана со безбедност на воздушниот сообраќај со рок за имплементација до почетокот на 2023 година и за истата сме во континуирана соработка и координација со нашиот регулатор ACV преку кој ќе се добие нов сертификат.
Голем дел на контролори на летање се пратени на дообука во Eurocontrol за стекнување на лиценца за инструктори. Исто така, од ноември 2023 година ќе се реализира обновување на знаење на сите контролори на летање во реномираниот тренинг центар во Мадрид, Шпанија.
УО на М-НАВ АД Скопје потврдува дека сите вработувања за контролори на летање се спроведуваа согласно строгите критериуми на Eurocontrol и интерните акти и за последните две години се примени 20 нови кадри, од кои 12 – мина се здобија со лиценца додека другите осум кандидати се во фаза на практична обука.
Укажуваме дека УО на М-НАВ АД СКопје ги има сиполнето сите взаемни спогодбени услови со синдикатите.
Со почит,
М-НАВ