Ignore No More го блокира смартфонот на детето, се додека не врати повик на родителот.
Откако смартфоните станаа незаменлив дел од нашите животи, викањето од терасата како основен метод родителите да остварат контакт со децата кои се излезени надвор, остана во минатото. Сега сè што е потребно е едно јавување. Да, но тинејџерите воопшто не се склони да го кренат телефонот секој пат кога ќе видат мама или тато, што прави родителот да полуди од загриженост.
Една лута мајка поради таквото однесување на децата нашла интересен начин да се справи со проблемот. Наместо да го казнува, Шерон Стандифарт ја создала мобилната апликација со име Ignore No More (елоквентно, нели?) и дефинитивно се приближува до претставата за кошмарот на тинејџерите. Апликацијата буквално го блокира телефонот на детето, додека тој не му одговори на родителот.
„Детето не може да праќа пораки, не може да им се јавува на пријатели, не може да игра игри “, објаснува создавателката на Ignore No More. Откако апликацијата го блокира апаратот на детето, тогаш тоа може да бира само однапред определена листа од броеви. Кога ќе се поврзе со родителот, тоа ќе му обезбеди код за отклучување и смартфонот повторно ќе си работи нормално.
Нема потреба да спомнуваме дека тинејџерите, меѓу кои и сопствениот син на Шарон, не се особено фасцинирани од апликацијата. Голем дел од нив веќе ги дискутираат варијантите тоа да се одбегне, но сепак станува збор само за оние кои се поназад во технологијата. Останатите само ќе треба да вратат на повикот од родителите и се ќе си продолжи нормално.