Метали како олово и бакар можат да навлезат во водата од неколку извори. Но штом навлезат во водата тешките метали можат да ја загадат почвата и претставуваат здравствен ризик за луѓето и животните. Оловото на пример има негативен ефект врз мозокот и нервниот систем.
Традиционално, инженерите кои го контролираат квалитетот на водата користеле силициум, целулоза и алуминиум оксид за да ги извадат тешките метали од водата. Но овие стратегии за подобрување на водата се скапи, а и самите претставуваат потенцијален ризик. Тие се успешни во оваа функција поради присуството на киселини кои привлекуваат метални јони.
Бананите пак се навидум безбедно решение. Според Густаво Кастро, научник од Институтот за Бионауки од Ботукату во Бразил, лушпите од банани се подобри од конкуренцијата. Кастро е исто така и еден од авторите на нова студија посветена на оваа нова намена за лушпите. За студијата Кастро и неговиот тим земале сушени и мелени лушпи од банана и ги поставиле во стаклени садови со вода која содржела позната концентрација на метали. Тие исто така создале и филтри за вода од лушпите.
Во двата случаи „металот бил отстранет од водата и останал сврзан за лушпите од банани“ изјавил Кастро, додавајќи дека неверојатниот капацитет на лушпите од банани го надминуваат капацитетот на другите материјали кои се користат за отстранување тешки метали. Претходни експерименти покажале дека и други делови од растенија – остатоци од јаболка и шеќерна трска, кокосови влакна и лушпи од кикирики – можат да отстранат потенцијални токсини од водата. [Is that a banana in your water?]