Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34-то доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.
Многу е чудно да бидеш дел од оваа свеченост. Ова е прв пат некој од Македонија да биде дел од оваа церемонија за доделување на најпрестижните награди. Чест ни е што ни се случува нам, на самата кинематографија, рече Фејми Даут.
Самир Љума примајќи ја наградата меѓу другото истакна:
Да се биде овде, со најдобрите од најдобрите. Каква чест ви благодариме. Ние сме од Македонија, земјата домаќин на настариот фестивал за кинеметографија „Браќа Манаки“, истакна Самир Љума.