Луксузниот хотел што се претвори во гето

Хотелот Radisson Blu Iveria се наоѓа во центарот на грузиската престолнина Тбилиси. Изграден  во 1967 година, ова е најдобриот хотел на Грузија и популарно место за престој со својата одлична локација и прекрасен поглед на градот.

Во почетокот на 1990 година, меѓутоа во земјата избувнува граѓанска војна. Тбилиси е преплавен со етнички Грузијци бегалци кои доаѓаат од спорната територија Абхазија,  западна Грузија. Повеќе од 200 000 бегалци се сместуваат во градот и владата треба да се справи со нивната преселба. Многу згради во Тбилиси, вклучувајќи го хотелот Iveria се претвораат во нивни домови.

Илјада од нив се сместуваат во хотелот каде што  остануваат во следните десет години. Монументалната зграда, која доминира во силуетата на грузиската престолнина, се претвора во патетичен поглед – со скршени прозорци  затнати со целофан и раскошна мешавина од испрани алишта.

На секој кат има мали тезги на кои што се продаваат зеленчук, чоколадо и, се разбира, алкохол. Во ходниците мириса на урина, под прокиснатите теписи се гледа бетонот, а на 16-тиот кат расте трева. Неверојатно, но во тоа време на третиот кат има целосно функционирање на хотел, на приземјето има казино, а исто така и ресторан.

Едвај по револуцијата во 2003 година Владата пристапува кон евакуација на хотелот и реконструкција во неговата оригинална состојба. Тогашните жители се компензирани со 7 000 долари за соба и преместени на друго место.

Реновираниот хотел сега се гордее со 249 соби, како и неколку ресторани, барови и конференциски центар. Стариот базен на покривот е отстранет и заменет со СПА и Фитнес Центар.

Хотелот е отворен повторно во 2009 година како Radisson Blu Iveria.

- Реклама -