Луксузната Casa Y во Торино

Лоцирана близу Торино, Италија, Casa Y е елегантен фамилијарен дом изграден од сурови материјали како бетон, челик и стакло. Сместен во торинските ридови, домот ужива во прекрасен поглед на дел од зеленилата на северо-западна Италија. Дизајниран од F:L Architetti, домот е луксузен, едноставен, модерен, но и енергетски ефикасен.

Двокатниот геометриски објект се состои од 3 спални соби, секоја со своја бања и многу плакари, и простран долен кат, кој вклучува кујна, трпезарија и простор за дневен престој. Надоле, скалите водат кон подрумот, работното студио, библиотеката, сауната и детската соба за играње.

Casa-Y-FL-01 Casa-Y-FL-03 Casa-Y-FL-04 Casa-Y-FL-05 Casa-Y-FL-09 Casa-Y-FL-11 Casa-Y-FL-12 Casa-Y-FL-13 Casa-Y-FL-14 Casa-Y-FL-17 Casa-Y-FL-18

 

 

- Реклама -