Ви ја претставуваме оваа неверојатно убава куќа во Малибу, САД. Со многу раскош и уникатен поглед кон најубавите плажи на САД, погледот во внатрешноста на овој дом го разубавува сетилото за вид.
Златниот песок, суптропската вегетација и сребрено-синиот Океан ја создаваат на уникатен начин убавината на Медитеранот и за миг можете да се чувствувате како да сте некаде таму. На пенливите океански бранови има сурфери дури и во зима, а до самата плажа се издигаат луксузни вили како онаа која ќе ви ја покажеме денеска.
Овој неверојатен дворец може да се пофали со прекрасен поглед кон океанот, приватна плажа, лифт и стилски ентериер, а се продава против неверојатни 27,5 милиони долари!
Куќата првично била дизајнирана од Стивен Ерлих, по што е целосно реновирана од познатиот дизајнер на ентериер Мајкл Ли. Белата вила има четири спални со поглед кон океанот, луксузни бањи со спа функции, канцеларија, библиотека, одлична винарија…
Сите соби се богато украсени со убави цвеќиња. Спалните соби се доста подинамично декорирани, за разлика од дневната соба, каде царуваат меки бои – бела, беж, песочни бои.
Многу светлина, богатите текстури и светлите бои придонесуваат за незаборавни моменти во овој дом.