Ден за ден, ние се соочуваме со се помали буџети и многу кратко време за снимање. Она со што се соочуваме е хиперпродуктивност. Да се биде што побрз. Навистина крадам време за да се посветам на нешто што јас го имам замислено.
Со дигитализацијата ние се забораваме себе си, и не си даваме можност да бидеме уметници во вистинска смисла на зборот, вели кинематограферот Лука Бигаци, во интервју за Локално.
Бигаци оваа година на 35. ИФФК „Браќа Манаки“ се закити со наградта „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Колку филмската фотографија треба да биде поврзана со сценариото?
Добра фотографија е онаа која што е длабоко поврзана со сценариото. Мојата етика секогаш е да се биде искрен со режисерот. Нема ништо што посебно сакам или не сакам во фотографијата, единствено не сакам кога фотографијата оди во друга насока, а не заедно со сторијата.
Сакам да исчезнам. Што повеќе „исчзнувам“ толку повеќе сум поврзан со филмот.
По вашата работа може да се приметат силни амбијентални кадри. Дали за вас филмот пред се е естетска форма, арт перформанс?
Јас сум кинематографер, работам со камера и сметам дека голема важност имаат актерите. Треба да се конектираш со нив, да те чувствуваат. Затоа што и ние ги чувствуваме нив. Според мене треба да се биде близок со актерите. Но филмот секако треба да изобилува со кадри кои го прават уметничко доживување.
Дали хиперпродуктивноста се рефлектира на квалитетот?
Ден за ден, ние се соочуваме со се помали буџети и многу кратко време за снимање. Она со што се соочуваме е хиперпродуктивност. Да се биде што побрз. Навистина крадам време за да се посветам на нешто што јас го имам замислено. Со дигитализацијата ние се забораваме себе си, и не си даваме можност да бидеме уметници во вистинска смисла на зборот.
Многу е очигледна вашата соработка со маестралниот режисер Паоло Сорентино. За филмот „ Величествена убавина“ се закитивте со Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Дали повторно работите на заеднички проект?
Во моментот снимам филм со Паоло Соренитно во Швајцарија, заедно со актерот Мајкал Кејн, актерката Рејчел Вајс. Снимаме во десет недели и повторно тоа е многу кратко време. Се работи за голем филм со одлично сценарио.
Ги селектирате ли филмовите по жанрови?
Немам омилен филмски жанр. Сакам добри филмови. Не сум заинтересиран за комерцијални филмови. Сакам одредени фимови, но немам омилен жанр.
Автор: Вероника Камчевска
Целото интервју можете да го прочитате на Локално.мк