Луѓето сè уште еволуираат

еволуцијаДокази дека луѓето сè уште еволуираат произлегле од студија која покажува дека жените од мал еден мал остров го зголемиле наталитетот на островот во период од 140 години за да се зголеми населението. Многу научници тврдат дека човечктата еволуција била запрена од несопирливиот напредок на технологијата, но ова истражување се коси со таа теорија.


Тим предводен од Емануел Мило, генетичар од Универзитетот од Квебек во Канада, ги анализирале податоците за бројот на раѓања, умирања и бракови за жените кои живееле на изолираниот остров L’Isle-aux-Coudres за периодот помеѓу 1799 и 1940 годинаbetween 1799 and 1940. Истражувањето покажало дека просечната возраст на која жените првпат забремениле полека била намалена за четири години од 26 на 22 години.

Кога ги истражиле причините кои придонесуваат кон тоа – варијациите во социјалните и економски прилики на жените – било откриено дека помеѓу третина и половина од раните раѓања биле зависни од генетски промени. „Оние жени кои забремениле порано имале предност при природната селекција“ пишувало во извештајот на тимот. „Раното забременување исто така е и карактеристика која се наследува и постои генетска корелација со здравјето, предвидувајќи микро-еволутивна промена кон порана репродукција.“

„Исто така клучно е што откривме и значителна промена во вредностите за размножување на оваа особина, што посочува кон тоа дека промената во најголем дел се случувала на генетско ниво.“ Понуденото објаснување за појавата е дека жените, на генетско ниво, се обидувале да го зголемат населението на малиот остров за да обезбедат преживување на нивниот генетски фонд. L’Isle-aux-Coudres на почетокот бил населен со само 30 фамилии во 1720 година и населението се променило многу малку сè до 1773 година. Генетичарите веруват дека генетската промена настанала бидејќи им овозможила на жените на островот да имаат повеќе време за повеќе деца за малото население на островот да може да биде зголемено.

Тимот вели дека природната селекција е одговорна за генетската промена; на жените им биле потребни повеќе деца па нивните тела еволуирале за да се приспособат за потребата. Претходни примери за активна човечка еволуција покажуваат дека луѓето можат да толерираат лактоза само во последните 5000 години, и дека луѓето од Хималаите можат да дишат пониски количини на кислород бидејќи живеат на голема надморска височина. [‘Humans are still evolving’: Technology hasn’t killed off natural selection, says study]

- Реклама -