Не само сега и не само денес, луѓето се повеќе склони да веруваат дека живеат полошо од порано. Во различни времиња петмина мудри луѓе објаснуваат зошто е така.
Првиот од нив рекол дека луѓето живеат лошо затоа еве тука – и ја става раката на главата челото – сè е лошо. Тоа бил Мојсеј.
Вториот тврдел дека луѓето не живеат исполнето, бидејќи еве тука – и ја става раката на срцето – се празни. Тоа бил Христос.
Третиот верувал дека луѓето немаат добар живот, зашто, ете тука – и ја ставил раката во џебот – е лошо. Тоа бил Маркс.
Четвртиот бил убеден дека луѓето мислат дека живеат полошо, бидејќи тука – и покажува од половината надолу – е причината за сите нивни проблеми. Тоа бил Фројд.
А петтиот едноставно сумирал дека луѓето не живеат толку лошо, бидејќи сè е релативно. Тоа бил Ајнштајн.