Според нова студија луѓето постепено стануваат сè поглупави. Студијата тврди дека луѓето го загубиле еволутивниот притисок да бидат паметни штом сме почнале да живееме во густи урбани средини.
„Развојот на нашите интелектуални способности и оптимизацијата на илјадници гени за интелигенција најверојатно се развиле во релативно невербални распространети групи на луѓе кои живееле пред нашите претци да излезат од Африка“ изјавил авторот на студијата, Џералд Кребтри, истражувач од Стенфорд Универзитетот.
Но оваа теорија не е без критичари, и некои научници тврдат дека луѓето не стануваат поглупави туку денес има повеќе типови на интелигенција. Раните луѓе живееле и умирале благодарејќи на нивните просторни способности, како брзо создавање на засолниште или одбрана од опасен предатор.
Денес иако сите ние имаме просторна способност за едноставни задачи како миење чинии или косење трева, тоа се сепак задачи за кои е потребно доста мозочна моќ. И мораме да им се заблагодариме на нашите претци и механизмот на природна селекција за овие способности. Во меѓувреме, способноста за играње шах или составување поезија најверојатно се колатерални ефекти.
По проширувањето на земјоделие, кога нашите претци почнале да живеат во густи заедници на фармери, потребата за тие гени да бидат максимално развиени постепено опаднала. Студијата опишува дека шансите дека еволутивната предност на интелигенцијата денес е поголема отколку во нашата историја како ловци.
„Ловец кој не успеал успешно да најде решение за обезбедување храна или засолниште најверојатно умреле, заедно со нивните потомци, додека модерен финансиер од Wall Street кој би направил слична концептуална грешка сепак ќе добие значаен бонус и ќе биде поатрактивен партнер. Јасно е дека екстремната селекција е минато“ додава авторот.