Salón Erótico de Barcelona е најстариот еротски фестивал во Шпанија, кој оваа година се одржа од 6 до 8 октомври. Освен очигледното, на овој и сличните фестивали има и еден друг интересен момент кој малку како да заостанува во втор план – луѓето што сликаат.
Ќе ги видите како снимаат од секој можен агол, а очигледно е дека не се професионалци. Човек не може а да не се запраша зошто – дали заради очигледната причина да снимат секс во живо и потоа да ги додадат снимките во своите приватни мастурбаторски колекции, или има нешто друго?
Vice реши да дознае од прва рака.
ПАКО, 55
VICE: Дали ова ти е прв пат на Sálon Erótico de Barcelona?
„Не, втор пат ми е. Доаѓам овде да фотографирам за себе, да се забавувам и да ги гледам девојките што ми се допаѓаат.“
Значи, главната цел ти е да ги сликаш женските изведувачи?
„Не, не, не. Ми се допаѓа да доаѓам овде и да сликам, но искрено, сликам секакви слики. Од нивните тела и од перформансите, да, но и од сцената, и општо од настанот.“
За што ги користиш сликите кога ќе ги однесеш дома?
„Ако сакам да мастурбирам не ги користам еротските слики што ги правам овде по дифолт, не. ‘Салонот’ не е место каде одиш за да собереш материјал за мастурбирање. Ова е многу специфичен вид на еротски настан – сретнуваш девојки, ги сликаш, уживаш во шоуата. Супер е. Не би ја донел девојка ми овде, да бидам искрен. Излегуваме само една година – сé уште го немаме тоа потребно ниво на доверба и комфорт еден кон друг.
ДАВИД, 36
VICE: Еј Давид, што правиш ти овде во ‘Салонот’?
„Барам нешто.“
Што бараш?
„Да сликам слики, или уште подобро, можност да ги допрам девојките. Или само да ги гледам. Океј сум со што и да ми дозволат да правам, искрено“.
Што правиш со сликите што ги сликаш?
„Ги чувам и ги гледам. Ги чувам на екстерен хард дск – и порнографските и непорнографските материјали. Имам фолдер наречен ‘Movies’, со подфолдер за порно филмови. Во тој подфолдер имам фолдер за софткор и за хардкор, а фолдерот ‘Hardcore’ е поделен на ‘Features’ – филмови со приказна, ‘Gonzo’ и некои други категории.“
Повеќе ли ти се допаѓаат сликите што сам ги сликаш од тие што ги симнуваш или гледаш онлајн?
„Да, тотално. Чувството ‘Бев таму, бев на неколку инчи од тоа, го допрев’ е тоа што го прави гледањето во моите слики повозбудливо.“
СУЗАНА, 40 (лево на сликата)
VICE: Си била ли во ‘Салон’ и порано?
„Не, ова ми е прв пат.“
Сликаш ли?
„Па, направив неколку фотки од шоуата – момци и девојки, момци и момци. Не ми е баш важно што се случува, јас и вака и така ќе го сликам.“
Главно те гледаме дека се смееш додека фотографираш – дали сликите ти служат за некаква друга потреба освен за забава?
„Па, едноставно ни се допаѓа овде. Ние сме пријателки и работиме заедно, но ние сме единствените овде од канцеларијата, па сликаме за да им покажеме на нашите колеги во понеделник. Не сликаме за никаква приватна и лична употреба, ако тоа ме прашувате“.
ФРАНЦИСКО, 50
VICE: Што правиш со материјалот што го снимаш овде?
„Тоа е хоби – го чувам во компјутер. Сакам овде да го гледам во живо, а потоа едноставно ги чувам сликите и видеата за себе.
Има ли некој посебен тип на перформанси што ти се допаѓаат?
„Не, но повеќе сум по геј областа овде. Има еден актер што навистина ми се допаѓа – името му е Брент Еверет. Не очекувам дека ќе дојде во Sálon Erótico de Barcelona во блиска иднина, бидејќи е од Канада. Тоа би било комплицирано“.
ЖЕРАРДО, 61
VICE: Дали си чест посетител на Еротскиот салон на Барселона?
„Да, доаѓам овде уште откако почна, пред години. Доаѓав овде за да се забавувам со некои од пријателите кои поседуваа секс-шопови. Доаѓавме да пазариме и да видиме што има на пазарот, но во меѓувреме станав фан на настанот. Па после неколку години, почнав да ги снимам перформансите.
Ги чуваш ли снимките за себе?
„Да, ги чувам. Некои од актерите и изведувачите ги гледаат моите снимки и ако им се допаѓаат, ги бараат. Ако тоа се случи, им ги праќам за да можат да ги објават на нивните онлајн канали и да прават што сакаат со нив. Но тоа е само лична колекција – ја имам, но најголемиот дел никогаш повторно не го гледам“.
Имаш жена, така? Што мисли таа за ‘Салон’?
„Има дојдено тука двапати, но вели дека баш и не ѝ се допаѓа – малку е премногу за неа. Но нема проблем со моето доаѓање овде – знае дека ќе имам неколку дена неинхибирана забава. Знае и дека не учествувам во ниту едно од шоуата или нешто слично, само снимам“.
КАРЛОС, 41
VICE: Ни изгледа дека ја имаш најдобрата опрема што ја видовме досега.
„Имам камера со монопод и посебен екран, па не морам да зјапам во малиот екран на камерата цело време. Со тој втор екран можам да фокусирам и да калибрирам преку далечинско. Совршено е.“
Дали доаѓаш да снимаш во ‘Салонот’ секоја година?
„Па, не снимам само на Sálon Erótico – сликам повеќе различни настани. Најмногу ги сакам локалните фестивали во малите градови, да бидам искрен. Ова е малку поинакво“.
Па, што правиш со материјалот што го снимаш овде?
„Сé е тоа за приватна употреба“.