Луѓето од забавата

zabava
Л. Николова

За луѓето над 30 години излегувањето навечер често е вистински тест –  за нервите, црните, белите дробови, ушите и носот ..

Човекот на средна возраст кој живее од-работа-дома-и-од-дома-на-работа, некогаш излегува во барче со пријателите, на роденден, собир со поранешните колеги или на музички настан.

Секој сличен настан не поминува без барем тројца од следниве типови:

1. Девојката која секогаш доаѓа со сопругот

Нејзиниот сопруг не е некој забавен ѕвер, туку излезот без него не е можен колку што е можно ни да се знае причината за Октомвриската револуција. Најверојатно имаат заеднички прифил на Фејсбук, а инаку си пичи со другиот профил “Lovemetender” од службениот компјутер.

Предметната девојка обично е доминантен тип, рационална божица која често може да биде фатена во следниве ситуации: “Купи сирење, копани, хималајска сол и оној крем за лице за чувствителна кожа, одведи го детето на џудо и не ме чекај пошто имам уште 100 работи да завршам “.

Ништо против здравата семејна клетка (метафорично и буквално), но ве молам, не сте се заколнале дека морате да одите секаде заедно, а не е ни здраво за вашиот однос.

2. Серискиот е*ач

Серискиот полов терминатор е како предатор – секогаш знае која е најслабата алка на забавата и непогрешливо се насочува кон неа, откако ќе ја преброи третата нејзина чаша со вино. Користи реплики како “секогаш си ми била пеколно секси и сум убеден дека ќе се забавуваме одлично”. Можно е да сте слушнале дека некогаш имал секс за пари, но и мажите мораат некако да преживуваат во овој “женски свет”.

3. ВИП другарче

Некој кој познава некој што познава некој што знае позната фаца, па заедно се начекале во кафич и она била многу супер лик во живо, ама имала грд дечко и така, вие половина час слушате за нивната средба во која размениле „Здраво“, а таа целата поласкана – запознала ѕвезда.

Випчето целосно несвесно успева да го краде вниманието на присутните со “секогаш сум сакал да се запознаеме, или, многу си ми познат се знаеме од негде. Не? Секој ден искачам, сигурно некаде те имам видено, можеби на некоја забава”.

Заклучокот е дека познатите луѓе се канат на забава на селска ливада во лето или во пустелија во зима, каде што се во непозната средина, односно непријателска средина, каде што нема да можат да се вклопат со приказни за урбаниот и луд начин на живот.

4. Младата мајка 

Исцедена е уште пред да дојде и до втората чаша вино, се чуди како да му објасни на мажот зошто задоцнила. Однесувајте се со почит, тоа се луѓе кои нема да спијат нормално во следните две години… минимум.

5. Мега кул тип

Сите знаат дека е помпезно копиле, но тој немарно тврди дека е “just a lost soul”. Хартбрејкерот спиел со барем две од присутните, имал многу големи чувства во минатото, а сега сите жени се курви.

Правете се дека не го забележувате, тоа ќе го уништи помалку од вообразената удобност “сите ме сакаат, но знам дека цената е премногу висока”.

6. САКАМ ДЕЧКО!!!

Ослободеното однесување расте пропорционално на средствата кои одат за процедури за разубавување. Облекуваат кратки фустани, потпетици и секси чорапи, ако “случајно” останат без фустан, долната облека е секогаш комплет. Се смеат гласно, танцуваат неприродно, но активно, почесто спомнуваат имиња на естетски хирурзи отколку на мажи, но всушност сонуваат за Принцот.

И тука односот треба да е полн со разбирање, бидејќи не е лесно да заспиваш како Саманта од “Сексот и градот”, а да се будиш како Олга одПрилеп.

 

- Реклама -