Филомена од Задар деновиве привлекла големо влијание на друштвените мрежи, откако на Фејсбук групата „Купи продај Далмација“ објавила дека подарува автомобил на некој кому навистина му е потребен.
„Се подарува мал автомобил на семејство кое навистина има потреба. Автомобилот е во возна состојба и регистрацијата му истекува за три месеци. Сите информации во инбокс“, напишала Филомена, која, сега кога сé е завршено, воопшто не се двоуми дека автомобилот заминал во правите раце.
„Баш како што сакав, Opel Corsa-та стара 17 години замина во вистински раце, кај самохрана мајка која има четири деца и живее во Сплит“, вели Филомена, објаснувајќи дека автомобилот ѝ бил понуден од роднина, но бидејќи таа веќе има свој, решила да го подари.
„Ми рече да правам со автомобилот што ми е желба. Јас се одлучив на овој потег бидејќи и самата имам сешто поминато во животот, знам како е да се има и да се нема“, открива хуманата Хрватка, која и самата е самохрана мајка на 17-годишен тинејџер и 2-годишна ќерка, а притоа и заработува за живот работејќи ноќни смени во пекара во Трогир.
Синот, вели, бил исклучително горд на неа.
„Почна да плаче од гордост. Ми рече: Мамо, ти си чудо! … А да ви кажам уште нешто, кога веќе ме прашувате дали мојот син има автомобил. Идната година ќе ја подариме и Corsa-та што сега ја возам, бидејќи синот ќе купи нов автомобил кога ќе положи, а не ни требаат два“, открива чудото Филомена.