Познати се како “fumetto” или во множина “fumetti“. Се работи за италијанските класики од стрипови за возрасни, кои беа ултра-популарни во 1970-тите и 1980-тите, а брзо се пробија и на францускиот пазар. На чудните и бизарни кавери на овие стрипови може да се види буквално сé што вклучува минимално облечени жени со големи гради, поставени во било каква сексуална конотација.