Љубовта се чувствува во оние мали мигови, кога светот ќе престане да постои и единственото нешто што е важно е тишината. Кратките моменти во кои ја чувствуваш со целата своја природа, се моментите за кои вреди да се живее.
Средбата на двајца луѓе е како интеракцијата помеѓу две хемиски супстанции: ако има реакција и двете се трансформираат.
– Карл Јунг
Љубов е да подарите секогаш без жал и за миг да заборавите кому што сте дале.
– Н. Захариева
Најголемата среќа е да бидеш сакан поради самиот себе или поточно, да си сакан покрај тебе.
– Виктор Иго
Жената никогаш не го заборава мажот кој што можела да го има, а мажот никогаш не ја заборава жената која што не можел да ја има.
– Непознат автор
Најмногу страдања во животот ни предизвикуваат не оние кои мразиме, туку оние кои што ги сакаме.
– Шилер
Треба да си трпелив. Љубовта не е секогаш идеална. Таа е само љубов
– „Свадбениот агент“
Љубовта е се што имаме – единствениот начин да си помогнеме еден на друг.
– Еврипи
Сакајте се и ќе бидете среќни. Тоа е толку едноставно и толку тешко.
– Maјкл Леуниг
Сите вљубени се колнат дека ќе исполнат повеќе отколку што можат, но не го извршуваат дури ни можното.
– Шекспир
Ако им судиш на луѓето, немаш време да ги запознаеш.
– Мајка Тереза
Единствениот начин да разбереш една жена е да се заљуби во тебе, но тогаш веќе не треба да ја разбираш.