Популарниот порно актер, Роко Сифреди, во италијанско ТВ шоу изјави дека ќе се пензионира од неговата професија бидејќи се плаши да не остане без неговата сакана сопруга.
50-годишниот Италијанец од осумдесетите до денес, учествуваше во повеќе од 1.500 порно проекти, како актер или режисер.
„Размислував за тоа што ми е најважно и сфатив дека не сакам да ја изгубам својата сопруга никогаш“,изјави Сифреди кој ја запозна својата сопруга Роса Таси во 1993-та година во Кан.
Тој ја воведе и неа во порно индустријата, но се повлече откако ги роди нивните два синови.
„Не можам да продолжам да снимам филмови бидеји ќе ја изгубам сопругата. И онака и нанесов болка сите оние години бидејќи не знаев како да побегнам од имиџот и зависноста од сексот“, вели актерот, кој досега доби преку 50 награди од порно индустријата.