До уши заљубен, а премногу срамежлив да и каже се во лице, тој одлучил на еден ретро и симпатичен начин да ја раскаже својата приказна.
Не знаеме дали девојката паднала на неговиот шармантен потег, но после објавувањето на писмото ширум светот, веруваме дека не останала рамнодушна. Тие се најдобри пријатели, а таа е неговата најголема љубов.
1. Ми се допаѓаш бидејќи ме забележа прва. И ме собори на нозе, пред да успеам јас тебе да те шармирам. Не морав да ти пријдам, веќе бев на твојот радар.
2. Ми се допаѓаш бидејќи умееш да слушаш. Ако си ми била потребна, секогаш си била тука. Ако се кршев, повторно беше тука.
3. Ми се допаѓаш, бидејќи се смееш, го спушташ погледот, па се заруменуваш. Секогаш кога ќе кажам нешто што ти се допаѓа, малку се насмевнуваш. И така, можам да ти се восхитувам од секој агол.
4. Ми се допаѓаш бидејќи се грижиш. Не ти е сеедно. Кога одиме некаде, гледаш да бидам крај тебе, и се да биде во ред.
5. Ми се допаѓаш бидејќи си искрена. Брутално искрена.
6. Ми се допаѓаш бидејќи си поинаква од сето она што те опишуваат другите. Кога никој не е во моја близина, тоа си ти. Забележав, не се грижи.
7. Ми се допаѓаш бидејќи ме предизвикуваш. Го мразам тоа, но знам дека е добро. Ме наведуваш да се запрашам зошто верувам во одредени работи. Ти си единствената која успеа да го разбуди позитивинот сомнеж во мене.
8. Ми се допаѓаш бидејќи си мало ѓубре. Но, не онакво какво што велат дека си. Се надевам дека сфаќаш што мислам со ова.
9. Ми се допажаш бидејќи сакаш да напредуваш и да бидеш подобра. Долго ти требало да стигнеш таму каде што си, и да имаш уште многу да дадеш, но ти си свесна дека ќе стигнеш онаму каде што си зацртала.
1о. Му се допаѓаш бидејќи е тешко. Неосвоиливо. Ти си неосвоилива.
11. Ми се допаѓаш бидејќи мислиш дека сум подобар од тебе. И мислиш дека сум вон твојот допир. И повторно, се надевам сфаќаш колку не си во право.
12. Ми се допаѓаш бидејќи го сакаш. Не си ми кажала дека го сакаш, но знам што чувствуваш.
13. Ми се допаѓаш. но знам дека за нас тоа нема да се случи. Никогаш нема да им се случи на луѓето каков што сум јас.
Но, ако некогаш го промениш мислењето и посакаш да ми дадеш шанса, тука сум. До тогаш, ќе останам твојот најдобар пријател…на кого можеш секогаш да се наслониш.