Велат љубовта секогаш победува, ама во следниве фотографии е доказот дека не е секогаш така.
Можеме да се топиме на емоциите што бликаат од разделбите и збогувањата додека млади девојки си ги испраќаат своите момчиња во најцрната војна во историјата и можеме да замислуваме дека еден ден вљубените пак се сретнале, дека сето тоа било како на филм, дека ги заборавиле сите хорори на војната, и дека живееле среќно до крајот на животот. Но, реалноста е далеку од тоа. Многу сакани не се вратија. Многу од тие што се вратија се вратија сакати – многу физички, многу душевно, многу и двете. Среќниците ги имаше малку, иако ќе ги најдете и во галеријава, колку да отсликаат дека сепак, понекогаш љубовта победува.
И ете, мала искра надеж што е доволна да ни ги смири душите и да ја смениме темата некако потајно мислејќи си „па, сé е добро кога добро ќе се заврши“. Не, јас инсистирам на сликиве да гледаме од најцрната можна перспектива. Надеж им треба на генерациите што излегуваат од канџите на војната, за да изградат нов свет и за да продолжат да живеат. На поколенијата им треба само суровата реалност, за да научат на војната да гледаат со најголемо гадење и омраза, затоа што е способна да го уништи и најсветото. За да не ја повторат…