Љубоморен мајмун ги претепал мајмунката и чуварот на зоолошката

Неодамна, во зоолошката градина во Лисне, Украина, се случија куп мајмунски работи. Во главна улога се мајмунот Ромео, мајмунката Јулија, и чуварот Сергеј.

Сé почнало кога Јулија пробала да го бакне чуварот преку стаклениот прозор. Ромео побеснел од љубомора и почнал да ја тепа. Сергеј влетал во кафезот за да ги раздвои и да ја одбрани.

Но, лутиот Ромео му се сипал на чуварот. Му одгризал делови од прстите и увото, а го оставил и со модро око (што јасно се гледа и во видеото).

За среќа, Сергеј успеал да избега од кафезот и веднаш е пренесен во болница, каде што бил и опериран. Сега е добар, ама ќе си остане без делови од прстите и увото.

Во меѓувреме, портпаролката на Зоолошката потсети дека шимпанзата се многу опасни и дека чуварот не смеел да влезе во кафезот. Но, „се грижеше за нив шест години, и нормално е да развие чувства кон нив“, се обиде да го оправда.

… А којзнае, можеби и имало нешто меѓу Сергеј и Јулија. Можеби на Ромео едноставно му се смачило да го прават мајмун…

Шала на страна, не влегувајте во мајмунски кафези.

- Реклама -