Љубе Бошкоски хоспитализиран на Инфективна, состојбата му е „комплицирана“

Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски, попладнево бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, откако му се влошила здравствената состојба поради коронавирусот, објави порталот „Инфомакс“.

Пред шест дена, Бошкоски сподели за „ММС.мк“ дека се заразил со вирусот и дека деновите ги минува во Челопек во самоизолација, но дека има само лесни симптоми (нарушено сетило за мирис).

Според информациите на „Инфомакс“, состобјата на Бошкоски во моментов е комплицирана, но засега нема повеќе детали.

 

- Реклама -