BreakThru Films и Trademark Films (и двете се студија наградени со Оскар) објавија трејлер за претстојниот филм Loving Vincent, првата долгометражна анимација што е целосно компонирана од уметнички слики. 80-минутниот филм содржи 56.800 фрејмови, што значи 12 слики во маслена техника во секунда, насликани од повеќе од 100 уметници обучувани во истиот стил како Винсент Ван Гог. Филмот ќе содржи 120 слики од уметникот, а приказната влече корени од 800-те зачувани писма на Ван Гог.
„Loving Vincent е истрага која навлегува во животот и контроверзната смрт на Винсент Ван Гог, еден од најсаканите сликари на светот, раскажана од неговите слики и од карактерите што ги населуваат. Интригата се одмотува низ интервјуа со карактерите насблиски до Винсент и преку драматични реконструкции на настаните што водат кон неговата смрт“.
Проектот е голем колку што звучи дека е.